Пензионер уапсен откако 24.000 пати ѕвонел во телефонска компанија

Акитоши упатил илјадници повици од јавна говорница во кои изразувал незадоволство од работата на компанијата и притоа ги навредувал вработените.

984

Пензионерот на вработените во телефонската компанија им се жалел дека компанијата не го испрочитувала неговиот договор, соопштила полицијата.

Полицијата од Токио навела дека го уапсила 71-годишниот Акитоши Окамота поради тоа што во период од осум дена на бесплатниот број за корисници на операторот КДДИ ѕвонел илјадници пати.

Медиумите пренесуваат дека пензионерот Акитоши упатил илјадници повици од јавна говорница во кои изразувал незадоволство од работата на компанијата и притоа ги навредувал вработените.

Барал вработените во КДДи да му се извинат поради непочитување на договорот. Исто така често ги прекинувал повиците веднаш откако ќе го добиел операторот, истакнале од полицијата.

– Акитоши е уапсен под сомнение за „дека без причини ја попречувал работата на операторот – изјавил портпаролот на полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...