„Заедно напред!“ е слоганот под кој ќе се води кампањата за кандидатот за претседател Стево Пендаровски, одлучил Централниот изборен штаб на СДСМ.
Слоганот,како што пренесува порталот, ја одразува суштината на Програмата на Стево Пендаровски која се темели на заедништво, на обединување на граѓаните и на забрзан развој на земјата на патот кон НАТО и ЕУ.
На проширената средба на Централниот изборен штаб на која биле присутни сите министри, градоначалници и локални функционери лидерот на партијата и премиер, Зоран Заев побарал ангажман од сите во партијата да се одржат кристално чисти избори.