Пендаровски ќе ја посети Сојузна Република Германија и ќе се сретне со Штајнмајер

Претседателот Пендаровски ќе оствари одвоени билатерални средби со  претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер и со министерот за надворешни работи Хајко Маас.

499

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 24 и 25 јуни 2019 година ќе престојува во официјална посета на Сојузна Република Германија.

Претседателот Пендаровски ќе оствари одвоени билатерални средби со  претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер и со министерот за надворешни работи Хајко Маас.

За време на официјалната посета претседателот Пендаровски ќе биде почесен гостин на вечера организирана од страна на Аспен институтот во Берлин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...