Пендаровски: Ќе обединувам, ќе бидам претседател од кој нема да се срамите

176

„Благодарам“ и „Фалимендерит“ беа првите два збора на Стево Пендаровски откако веќе е извесно дека тој ќе биде новиот претседател на Македонија. Тој заедно со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва се обратија од партиското седиште.

– Се придружувам на водството во оваа држава за евроатланска и економски развиена Република Северна Македонија. Ќе се залагам за правичност и правна држава, ќе обединувам, нема да делам. Мојата мисија е да обединувам, да одиме сите заедно напред, граѓаните, зруженијата, партиите… Отворен ни е патот кон подобра иднина. Затоа денес донесовме зрели одлуки. Благодарам на премиерот Зоран Заев за поддршката и за вербата дека е можен успех на овој концепт заедно напред. Благодарам на сите 31 партија која ја поддржаа мојата кандидатура. Благодарам на сите кои ми ја доверија обврската и честа да бидам претседател. Ќе бидам претседател на сите. Драги пријатели ќе забележувам, ќе критикувам секаде каде што може да биде подобро и повеќе. Ќе бидам сојузник во остварување на интересите на граѓаните. Ќе бидам претседател од кој нема да се срамите и тука и во странство – рече Пендаровски во неговото прво обраќање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...