Пендаровски ќе митингува во Велес, Силјановска во Виница и Кочани

104

Средби со граѓани и митинзи. Претседателските кандидати и денеска ја продолжуваат кампањата.

Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски денеска својата програма ќе ја претстави пред жителите на Чашка, Лозово и Свети Николе, по што ќе одржи митинг во Велес, додека претседателскиот кандидат подджан од ВМРО-ДПМНЕ и колицијата  Гордана Силјановска-Давкова е на митинзи во Виница и Кочани.

Претседателскиот кандидат на Алијанса за Албанците и Беса, Блерим Река, за денеска нема најавено активности.

Кампањата официјално почна на први април, а ќе трае до 19 април по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.

Пендаровски под мотото „Заедно напред“ ја стартуваше кампањата од Прилеп, Силјановска од родниот Охрид, а Река од Скопје.

Тројцата кандидати за претседател на државата ветија мирна и фер кампања со посета на речиси сите населени места.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...