Претседателот на Србија Александар Вучиќ на средбата со новиот претседател, како што соопшти неговиот Кабинет, изразил надеж дека за добра соработка, особено со цел поттикнување на соработката во областа на економијата.
„Двајцата претседатели ја изразија својата намера да ги развијат врски меѓу двете земји и во сите други области од заеднички интерес и во корист на граѓаните на Србија и Македонија“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Вучиќ.
Во него се посочува дека српскиот претседател му го честитал изборот, со желба за придонес во напредокот на земјата и за развојот на билатералните односи меѓу Србија и Македонија.
Вучиќ на средбата го поканил својот македонски колега да ја посети Србија и изразил надеж дека оваа посета ќе даде поттик за развојот на соработка и добрососедските односи.
Пендаровски, како што се наведува во соопштението од Кабинетот на српскиот претседател, му се заблагодарил на Вучиќ за присуството на инаугурацијата, изјавувајќи дека му е мило што има пријатели во регионот. Пендаровски ја прифатил поканата да ја посети Србија на есен.