Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување во 24 Отворено истакна дека не постои одредено време кога правдата би фукционирала. На прашањето дали се чувствува прозван дека вршел притисок на судиите, Пендаровски одговори дека не ги коментира одлуките на судовите.
– Не постои ниту еден правен документ кој забранува коментирање на одлуки во било која фаза на постоењето. Се може да се коментира освен нивната активност – рече Пендаровски.
Целиот контекст според него, укажува дека судиите не се водат по правен аспект. Пендаровски вели дека неговиот претходник Ѓорге Иванов без претходна постапка помилувал во 2016 педесетина луѓе, што е чин на неправо.
Тој додава дека не може да разбере како личност на која и била дадена најодговорната функција во историјата на земјата, каква што немал ниту еден, но и најголема и наширока граѓанска и народна поддршка, како што рече, ја прокоцкала во дружење со „пробисвети и претпоставени криминалци“.
– Не станува збор дека финансискиот надоместок бил тенок или слаб, напротив во СЈО имаа третман на бубрези во лој, не само по повод додатоците, туку основните плати што ги имале. Затоа големо прашање ќе биде овој случај о ќе треба да се бавиме со такви анализи или генерациите кои доаѓаат по нас ако не извлечеме поука од ова и брзо не се вратиме на колосек и не ја извлечеме сега полумртвата правна држава. Заради овој удар зададен со СЈО, ако не го направиме тоа некоја подоцнежна анализа ќе покаже дека правната држава во Македонија можеби ја изгубила својата шанса по 2016 година по тоа големо граѓанско нарадно будење и давање таков ветер во грб на таа институција и се покажа неуспешна – рече Пендаровски во интервју за телевизија 24 Вести.
Имаше, рече тој, и поголеми риби кои крадеа многу повеќе и десетпати поголеми криминалци, но, како што потенцира, тоа не значи дека заради тоа сега осомничените во овој случај треба да останат неказнети.
Во однос на предвремените избори, Пендаровски сака да ја задржи неутралната улога.