Пендаровски: Четирите лидери на партиите на Ромите прв пат се заедно, обединети за една идеја

344

Четирите лидери на партиите на Ромите во земјава за прв пат се заедно, обединети за една идеја, сите заедно даваат поддршка на оваа опција и на бројот 3 на претседателските избори, рече Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат на граѓаните и на 30 политички партии на трибина во Шуто Оризари.

– Да ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите. Јасно и гласно ќе кажам, политичарите не смеат да говорат за ромските права само на Денот на Ромите. Треба секој ден да водиме грижа за правата и подобар живот на Ромите, на помалите етнички заедници, на сите граѓани – рече Пендаровски.

Пендаровски посочи дека пред две години, дојде една нова генерација политичари, меѓу кои е и тој, кои не се оптоварени со вера и разлики. Најважна вера, рече, ни е иднината на Република Северна Македонија.

– Во јуни, доколку се продолжи со реформското темпо, очекуваме  датум за почеток на преговори. Ова ќе значи прогрес, напредок, подобар живот, нови работни места и заедно да чекориме по патот кон кој тргнавме – додаде Пендаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...