Пендаровски: Чест ми е што сум покровител на Галичка свадба, потекнувам од ова село и од овој крај

1020

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска присуствуваше и се обрати на 46. манифестација „Галичка свадба“, којашто се одржувапод негово покровителство.

– Чест и задоволство ми е што сум покровител на годинешната Галичка свадба, не само како Претседател, туку и како човек кој и самиот е по потекло од ова село и од овој крај. Секое лето, Галичката свадба ни овозможува да уживаме во еден многу важен дел од мозаикот на нашето мултиетничко општество. Во овие денови на радост ќе ја следиме поворката на свадбарите, ќе се потсетиме на автентичните обичаи, на разнобојните носии, на свадбарските песни, на мијачкиот фолклор и ќе се насладуваме во живописниот пејзаж, вели во обраќањето Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Тој додава:

– Пред многу години на Петровден во Галичник имало и по четириесет венчавки во црквата „Св. Петар и Павле“, а денеска сме сведоци на заветот на Огнен и Марина. Импосакувам многу слога, љубов и разбирање во нивниот иден заеднички живот.Посакувам радоста на едниот да се придодаде на другиот, а бремињата да им бидат двојно полесни, зашто бремето на едниот ќе го носи и другиот. Им посакувам да добијати прекрасни дечиња со кои заедно ќе се радуваат. Нека им е со среќа!, посака Пендаровски.

Тој порача:

– Се надевам дека ова незаборавно искуство ќе инспирира и многу други млади луѓе, кои имаат потекло од живописниот Галичник, да ја продолжат оваа прекрасна традиција со која ја збогатуваме неспорно и пошироката европска култура.

Сметам дека не треба да се задоволуваме со неколкудневна манифестација што ќе се одржува само на едно место, или само еднаш во годината. Да ги користиме овие манифестации како можност за оживување на руралните места низ земјата, да го развиваме алтернативниот туризам, да инвестираме во органското производство на храна, и со тоа да им нудиме несекојдневно искуство на домашните и на странските гости. Убеден сум дека потенцијалите се огромни, само треба да бидеме како галичаните – креативни, трудољубиви, храбри и убави, се разбира.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...