Пендаровски – Туск: Донесовме тешки одлуки, заслужуваме европска иднина

196

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, на која биле разменети мислења за севкупните состојби во земјата и во регионот, како и за аспирациите на државата за членство во Европската унија.

Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, истакнал дека Северна Македонија во изминатите две години донесе тешки одлуки за многу чувствителни прашања, вклучувајќи ја Преспанската спогодба со Република Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија, и дека спровела суштински и темелни реформи во многу клучни области, со што ја потврди својата посветеност на евроинтегративниот процес.

На средбата, Пендаровски изразил, очекување дека Европскиот Совет во октомври ќе ги валоризира напорите на државата и ќе ја верификува десетата препорака на Европската Комисија преку одредување на датум за почеток на пристапните преговори за членство на Македонија во Европската унија.

Почетокот на пристапните преговори, според претседателот Пендаровски, ќе биде силен импулс за натамошно реализирање на суштинските реформи во државата до нејзиното идно членство во унијата, што ќе придонесе за севкупната стабилност и просперитет на државата и на регионот.

Претседателот Пендаровски, на средбата изразил и благодарност на претседателот Туск за неговата јасна и директна поддршка за европската иднина на земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...