Република Северна Македонија мора да биде правна држава и токму затоа е неопходно да продолжи да работи Специјалното јавно обвинителство (СЈО), порача вечерва Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ и Коалицијата на трибина во Велес.
Во врска со дебатите за идниот статус на СЈО, тој посочи дека многумина знаат, марширајќи ги улиците во текот на Шарената револуција и подоцна, борејќи се против режимот, дека главниот слоган на таа револуција беше „Нема правда нема мир“.
Тој потенцира дека оваа влада и оваа структура на власт, како и тој како кандидат за иден претседател на државата, немаат намера да отстапат ни за милиметар, за да ја бараат правдата.
– Нам ни било пишано по трнлив пат да одиме, но ќе го изодиме. СЈО треба да продолжи и понатаму да работи за да се почитуваат законите во државата. Нашата тенденција е токму таа, Република Северна Македонија мора да биде демократска и правна држава – потенцира Пендаровски пред велешани.Пред велешани се обрати и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.