Пендаровски со верските лидери: Почитување на различностите за напредок на државата

114
FOTO MIA

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот, пред кои посочил на соживотот и почитувањето на различноста како една од темелните вредности на државата.

– Пред поглаварите и претставниците на верските заедници претседателот ја истакна неговата заложба да соработува со сите верски заедници во Северна Македонија, во интерес на меѓусебното разбирање и толеранција. Претседателот Пендаровски укажа на важноста на улогата на поглаварите на верските заедници во негувањето на соживотот, како важен предуслов за просперитет и напредок на државата, соопшти Кабинетот на Претседателот.

Поглаварите и претставниците на верските заедници ја поздравиле иницијативата за одржување на денешната средба и посочиле дека и покрај верските разлики, заедничка цел на сите е градење мир и почитување.

На средбата присуствуваа поглаварите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, на Исламската Верска Заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, на Католичката црква, Киро Стојанов, претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев, претседателката на Еврејската заедница во државава Берта Романо Николиќ, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...