Претседателот Стево Пендаровски одговарајќи на новинарски прашања рече дека со осомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, се сретнал два пати во животот. Биле кратки средби и ништо повеќе.
– Со господинот Јовановски сум се сретнал два пати во животот. Првиот пат во 2015 година во т.н. Камп на слободата кој беше поставен пред Владата, едно кратко запонавање и претпоставувам фотографија како што правевме со сите. И вториот пат се имам сретнато на кратко кога бев за првпат во телевизијата да дадам интервју по еден знаечаен за мене повод, мојот стар пријател Кабранов после 9 години првпат се врати на екраните по затворањето на А1 телевизија. Бев повикан на интервју како национален координатор за НАТО, тоа беше 4 април минатата година, и тогаш ме запозна на кратко со сопственикот или како да го наречам, менаџерот на таа телевизија. Тоа беше кратка средба од 5-10 минути и тоа беше сѐ – одговори Пендаровски.