Пендаровски: Следењето е завршена работа

800

Кандидатот за претседател од СДСМ и од ДУИ, Стево Пендаровски, денеска изјави дека е завршена работата со неговото следење, како и дека не забележал дали сѐ уште бил следен.

– Таа работа е завршена. Поднесов пријава и целата работа е кај МВР. Има истрага и тие знаат како понатаму. Не сакам да коментирам понатаму за да не им ставам на товар повеќе работи. Тоа е непријатно чувство, но не значи дека е безбедносна закана по мојот интегритет – рече Пендаровски.

Тој рече дека Мисијата на ОБСЕ за претстојните претседателски избори ќе биде димензионирана според потребите, односно ќе биде застапена со 300 набљудувачи.

Пендаровски е оптимист дека нема да има валкана кампања.

– Нашата заложба е, зборувам сега во името на владејачката структура да има што е можно повеќе мониторинг, особено од граѓанскиот сектор, затоа што навистина на овие избори сакаме да покажеме дека далечно минато треба да бидат времињата кога се даваа гласови на нерегуларен начин и конечно на крајот на изборниот процес да имаме победник кој ќе биде признаен од сите учесници во процесот и понатаму тој победник ќе треба да соработува на дневна основа – рече тој.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...