Ја разбирам потребата за дадената изјава на Регионалниот младински лидерски форум во Нови Сад да биде врамена во дневни партиско-политички пресметки, но трендовите во целиот регион и кај нас се неспорни, вели во реакцијата претседателот Пендаровски откако неговата изјава дека „би се отселил од земјава да не е претседател“ изречена на Форум на млади во Нови Сад ја искористи опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.
– Губиме висококвалификуван и млад кадар. Одговорноста е на сите политички водства, од независноста до денес. Вклучително и моја. Доколку немаат суштинска европска перспектива, поголеми плати и поквалитетен живот, младите ќе продолжат масовно да се иселуваат. Младите мора да имаат прва шанса да успеат дома – вели Пендаровски.