Пендаровски: Сите институции, политички фактори и опозицијата да ги поддржат клучните стратешки цели

77

Клучните чекори кои следат за да бидеме целосно подготвени за нашето членство во НАТО, беа темите на кои денеска на средби во МО разговараа претседателот на државата Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Тој изрази очекување од сите релевантни политички фактори, сите институции на власта, вклучително и опозицијата, да се вклучат во поддршка околку клучните стратешки цели на Република Северна Македонија што е во интерес на сите граѓаните на нашата заедничка држава.

Како претседател, вети Пендаровски, тесно ќе соработува со двете институции, ќе го слуша мислењето на МО и на ГШ за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат и ќе се вклучи во изнаоѓање најдобрите решенија.

Потенцира дека земјава направи историски чекори кои ја донесоа поканата за НАТО, со што се оствари една од стратешките цели.

– Како претседател ќе инсистирам на врвна подготвеност и професионалност на инсистуциите во оваа област – изјави Пендаровски и ја охрабри Владата да продожи со трендот за пораст на буџетот за одбраната со уште посилно темпо, затоа што како одговорна НАТО членка ќе мора да дојдеме до стандардот од два процента од БДП до 2024 година.

Преку спроведување темелни реформи во безбедносниот сектор, истакна, треба да продолжиме да градиме професионална технички современа НАТО армија што ќе биде подготвена не само да ја брани територијата на Северна Македонија, туку ќе продолжи и активно да придонесува за заштитата и изгрдбата на слободни и демократски општества и надор од нашата земја.

Најави вложување и во живтниот стандард на припадниците на Армијата и повтори дека сите промоции во делот на Амријата ќе бидат во согласност на законите, но и во согласност со професионалните референци на кандидатите.

– Армијата ја ужива најголемата доверба кај граѓаните и заслужува врховен командант како вас, со интегритет, чесност и со јасна визија за тоа каде треба да оди државата. Со ове зборови вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шеќеринска денеска го пречека во прва посета како претседател на држава и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски во МО и во ГШ на Армијата.

Шекеринска изрази убедување дека Армијата доби врховен командант кој ќе биде предводник и лидер во процесите за нејзин развој, трансформација и целосно прилагодување кон НАТО стандардите.

Таа потенцира дека во процесот на добивање членство во Алијансата, Пендаровски во функција на главен координатор на НАТО, бил витален дел од исполнувањето на овој државен и национален стремеж.

Министерката Шекеринска потсети дека во изминатите два години расте буџетот за одбраната, пари директно наменети за Армијата, почната е набавката на основна опрема, се модернизираат армиски објекти, а најави ново зголемување на платите во септември и во МО и во Армијата.

Посочи дека Парламентите на 14 земји – членки веќе го ратификуваа пристапниот Протокол за членството во НАТО, а се очекува во јуни да влезе во процедура и во САД и да заврши оваа есен. Изрази оптимистички очекувања дека ратификационен процес може да заврши и пред Самитот на Алијансата закажан во декември во Лондон.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...