Пендаровски: Силјановска изгледа не знае како ни беше украдена победата (ВИДЕО)

571

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски, на трибина со граѓаните наКарпош, повика на масовна излезност на претстојните избори за, како што рече, да продолжи напредокот на земјата и широко да се отворат вратите на Европската унија.

– Тргнаа рааботите, се решија најтешките прашања, сега патот е чист, да продолжиме напред. На 21 април и на 5 мај, на избори, да го забрзаме напредокот, да дадеме дополнителен легитимитет на политиките кои водат напред кон ЕУ и НАТО. Со нашата масовност да не дозволиме политичките противници да се коцкаат со иднината на државата, со иднината на младите. Тие немаат став за битни работи, но имаат став дека се за поништување на сѐ што е направено. Така не можеме да одиме во НАТО, не можеме да одиме ЕУ – рече Пендаровски.

Тој одговори и на изјавата на неговата противкандидатка.

– Госпоѓата изгледа во последните години не била во Македонија. Не знае за изборните измами во предметот „Титаник“ на СЈО, и како победата ни беше украдена – рече Пендаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...