Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски вечерва во Велес истакна дека граѓаните треба да гласаат за број три, бидејќи тоа е гаранција дека режимот на Груевски нема да се врати, оти ќе се поддржи политичката опција што ја внесува Северна Македонија во Европската Унија и НАТО, а земјата ќе добие претседател од кој нема да се срами.
– Има точно три години како почна „шарената револуција“, километри поминавме изиритирани од тогашната одлука на Иванов да аместира педесетина „супер криминалци“ од тогашниот режим на фамилијата. Чув дека постои иницијатива од некогашните „шарени револуционери“, кои доведоа до пад на режимот, заедно со сите нас, двајцата против кандидати од вториот круг да се соочиме со тие луѓе за тие да ни кажат кои се нивните замерки за изминатите три години, зошто дел од нив се разочарани, што можеме да направиме за да се обврземе пред нив, оваа држава конечно да биде уредена според клучниот принцип на шарената револуција – „нема правда, нема мир“. Ја прифаќам таа покана во време и место кое тие ќе го определат и подготвен сум да одговорам на сите нивни барања – нагласи Пендаровски.