Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва присуствувал на вечерата пред Парискиот мировен форум.
– Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон заедно со шефовите на држави и учесници на Форумот, на кој ќе дискутираме за потребата од заеднички решенија за справување со глобалните предизвици, напиша на Фејсбук шефот на државата Стево Пендаровски.