Исклучителна е честа да бидеш поддржан од претставници на сите етнички заедници, од 31 политичка партија, но, и од многу граѓани кои воопшто не се членови на политички партии. Ова на Фејсбук го напиша Стево Пендаровски, консензуалниот кандидат за претседател од редовите на СДСМ и коалицијата.
– Посебна благодарност сакам да изразам до политичката коалиција, предводена од СДСМ и лично до премиерот Заев, кои направија политички потег без преседан, по пет години да ми дадат шанса повторно да влезам во трката за претседател, откако во 2014-та, сите ние, бевме предмет на брутален изборен инжинеринг – вели Пендаровски.
Тој додаде дека од вчера му е дадена голема политичка одговорност, која во месеците и годините што идат, има намера, како што вели, заедно со сите граѓани да ја оправда во целост, во интерес на подобриот и посреќен живот за сите во нашата земја.