Пендаровски: Почетокот на Шарената револуција, 12. април да биде ден на протести

544

Денеска е 12-ти април, денот кога почна Шарената револуција. Кога народот, кога граѓаните во сите македонски населени места, села и градови излегоа масовно да се побунат против криминалната одлука на Иванов, да помилува над педесет мега криминалци од тогашниот режим, рече претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, кој се придружи на иницијативата овој ден да се прогласи за ден на протести.

– Знаете сите дека, месеци и месеци потоа, сите ние и не само во Скопје, пешачевме километри и километри и се бунтувавме за човекови слободи и права, за рамноправност меѓу сите нас, се боревме за правда, за демократија и за казнивост на криминалците, не за амнестирање.  Сакам во оваа пригода да им се поклонам, да искажам максимална почит кон сите учесници на Шарената Револуција, кои придонесоа Македонија конечно да стане пристојно место за живеење, со демократија, слобода на медиуми, со рамноправност на сите граѓани независно од нивната припадност, етничка, верска или на одредена политичка партија и сакам да се придружам на иницијативата која започна овие денови, за прогласувањето на овој ден, 12-ти Април, како ден на протести, мислам дека тоа има исклучителна, не само политичка симболика, која треба да ни покаже дека и во оваа држава имало настани од нашата скорешна историја, кои треба да ги почитуваме и врз чие убаво искуство, позитивно искуство, можеме да надградуваме нови иницијативи во таа граѓанска сфера кои ќе ја направат подобра и политиката и политичарите и животот на сите нас што живееме во оваа земја, Република Северна Македонија – рече Пендаровски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...