Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски на една од трибините со граѓаните во рамки на кампањата, рече дека полицијата не го казнува дури и кога вози брзо, бидејќи го знаела од телевизија.
– Еве да бидеме отворени до крај, ако мене ме запре полицаец сега на улица со поголема брзина од дозволената, мислите дека ќе ме казни. Не нема, зашто затоа што ме знае од телевизија, можеби ќе ме казни полицаецот ако е од ВМРО-ДПМНЕ – рече Пендаровски.