Пендаровски: Очекувам до Нова година да ги завршиме пристапните преговори со НАТО

359

Националниот координатор на Република Македонија за НАТО, Стево Пенаровски, очекува пристапните преговори со НАТО да завршат до Нова година.

– Сакам да потенцирам уште еднаш дека главната политичка задача на нашата влада и наата држава, билатералниот договор со Грција останува да биде нашиот предуслов за полноправно членство. Меѓутоа она што претходни се пристапните преговори, почнуваме денеска и очекуваме некаде до Нова година максимум, да ги завршиме –рече Пендаровски на заедничката прес-конференција со директорот за Европски и глобални партнерства на НАТО, МекКи, кој заедно со делегација пристигна во земјава за да ги започнат пристапните преговори.

МекКи, рече Пендаровски, не доаѓа во Македонија првпат, се виделе и во март годинава, но во сосема поинаков контекст, неколку месеци пред историскиот Самит на НАТО на кој добивме покана за членство.

Тоа што веднаш по Самитот на НАТО во Брисел беше формирана делегацијата за преговорите со Македонија, според националниот координатор, значи дека Алијансата е подготвена да одговори на заложбите за политиката на отворени врати, оти ќе си ги исполни обврските, но и ние ќе треба да си ги исполниме нашите задачи.

– МекКи нема да разговара за политичкото прашање кое е наша домашна задача, но за сѐ друго што е типично во пристапните преговори ќе разговараме. Тоа значи од воено-техничките прашања до правните и финансиските импликации на нашето членство – изјави Пендаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...