Пендаровски од Тетово: Нашите политики значат културолошко и политичко приближување до Европа

169

Со ваша поддршка за избор на претседател давате ветер во грб на оваа владина структура која за само две години направи многу важни работи за државата како што се договорите со Бугарија, Грција и законот за јазици со што е затворен Охридскиот рамковен договор. Со сето тоа Северна Македонија ја делат само два месеци од приклучокот кон Европската Унија, каде освен географски се обидуваме и културолошки и политички да бидеме составен дел, порача претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски од митингот во Тетово.

– Десет години државата ја водеше човек кој го делеше народот и се интересираше само за неговите од партијата и етничката заедница. Но ние не велиме така. И пред пет години и сега рековме дека на Македонија и треба заеднички претседател. Наместо пари за споменици и слични глупости време е парите да одат кај народот. Од 2006 до 2016 се иселија повеќе луѓе отколку во првата деценија од самостојноста – рече Пендаровски.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев потенцираше дека во изминатие две години растат бројките на директни странски инвестиции.

– Веќе броиме 635 милиони евра директни инвестици, бележиме економски раст. Сега како членка на НАТО ќе почувтсвуваме што значат инвестиции, надеж и подобра иднина за сите нас, наместо иселувањето – истакна Заев.

Од коалициониот партнер ДУИ, пред присутните се обрати Арбер Адеми кој на македонски и албански јазик истакна дека како одат деновите сѐ поголема е поддршката за Стево Пендаровски.

– Цела Македонија ќе гласа, затоа сме ние обединети за оваа европска опција – рече Адеми.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...