Пендаровски: Од Макрон добив гаранција дека политичката одлука за Македонија нема да биде подоцна од мај

518

Не добив гаранции дека ќе добиеме преговори, само гаранција дека методологијата се подготвува, која ќе биде нешто ново, вели претседателот Стево Пендаровски во Топ Тема.

– Можно е промената на методологијата да ги засегне и базичните европски договори, но крајниот рок кој јас си го поставувам себеси е март. Добивме одлука и дека нема да има политичка одлука подоцна од мај, рече тој. Во март чекаме да биде усвоена методологијата, која во моментов циркулира како нон пејпер и за чија содржина знаат неколку земји членки на ЕУ – вели Пендаровски.

Тој додаде дека средбата со Макрон траела 20 минути и објасни дека тоа е е доволно време поради набиената агенда која постои кај политичарите на самитите.

Пендаровски добил впечаток дека Макрон е необичен политичар, нестандарден, интелегентен и директен. Не заобиколува и не користи дипломатски речник, вели претседателот. Освен за методологијата, и за политичката одлука по нејзиното усвојување, Пендаровски добил гаранција и дека Макрон ќе ја посети нашата земја.

– Сакам јас да им објаснам на вашите граѓани која е мојата позиција. Немам намера да ви нудам алтернативно членство – му рекол Макрон на Пендаровски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...