Пендаровски: Не смеат да нѐ обесхрабруваат никакви пречки и премрежија

73

Пред 126 години со формирањето на Македонската револуционерна организација беа удрени темелите на организираната револуционерна борба за слобода и за создавање независна македонска држава. Беа потребни години на непрекината борба, страдања, хероизам и непокор, беа потребни Илинден 1903 и АСНОМ 1944, Референдумот на 8 септември 1991 за конечно да создадеме држава. Ние, денешните генерации, ги уживаме резултатите  на револуционерната борба ‒ живееме во слобода, во своја самостојна држава.

Ова го истакнува претседателот Стево Пендаровски во честитката што ја упати до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на Mакедонската револуционерна борба.

– Секое време носи можности и искушенија. Секоја генерација има свои предизвици и цели. Нашиот предизвик е да ја направиме Република Северна Македонија просперитетна и почитувана, демократска и модерна. За тоа ни треба толеранција во меѓусебните односи, почит за другите, одговорност кон заедницата, грижа за животната средина и помагањето на ближните. Ни треба сплотеност без разлика на етничка, верска, политичка или каква било припадност. Не смеат да нѐ обесхрабруваат никакви пречки и премрежија. Го знаеме својот пат и на тој пат продолжуваме заедно. Нека ни е честит 23 Oктомври!, пишува Пендаровски во честитката.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...