Пендаровски на 56. Минхенска безбедносна конференција

50

Претседателот Стево Пендаровски учествува на 56. Минхенска безбедносна конференција, која се одржува викендов во Минхен.

Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, предвидено е да се обрати на конференцијата и да има средби со дел од учесниците на собирот.

На 56. Минхенска безбедносна конференција учествуваат над 500 лидери во областа на политиката, бизнисот, академската сфера, граѓанското општество, здравствени организации, вклучувајќи над 35 шефови на држави и влади и над 100 министри за надворешни работи и за одбрана.

– Меѓу најавените учесници на собирот се американскиот државен секретар Мајк Помпео, францускиот претседател Емануел Макрон, канадскиот премиер Џастин Трудо, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, членови на Европската комисија итн., се наведува во соопштението.

Претседателот Пендаровски, вчера во Минхен, на маргините на конференцијата, оствари билатерални средби со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа, со претседателот на Република Молдавија, Игор Додон и со премиерот на Канада, Џастин Трудо.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...