Пендаровски: Шести февруари ќе биде историски датум

347

Цели 26 години по Декларацијата во македонското Собрание и 20 години по добивањето на статусот на формален кандидат за членство, практично ја реализираме едната од двете најголеми стратешки цели, објави по потпишувањето на пристапниот протокол, националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски.

„Денес, цели 26 години по Декларацијата во македонското Собрание и 20 години по добивањето на статусот на формален кандидат за членство, практично ја реализираме едната од двете најголеми стратешки цели зад кој стоеја буквално сите политички елити и раководства од 8 септември 1991 наваму.
Немам дилеми дека 6-ти февруари 2019-та, ќе биде споменуван како еден од најзначаните датуми во поновата македонска историја, затоа што на овој ден „де факто“ стануваме членка на НАТО Алијансата“, напиша Пендаровски на својот профил на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...