Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Охрид се сретна со дел од учесниците на конференцијата „Охридски дијалог“.
На средбата со Џорџ Робертсон, претседавач со Охридската група и поранешен Генерален секретар на НАТО, претседателот Пендаровски му се заблагодарил за досегашната поддршка што тој лично, но и Охридската група како целина безрезервно ја даваат за Северна Македонија.
На средбата претседателот Пендаровски го реафирмирал ставот дека единствена алтернатива за Северна Македонија е членство во НАТО и во Европската Унија.
– Патот до Алијансата веќе е на самиот финиш. Станувајќи 30-та членка на НАТО ќе биде загарантирана безбедноста и сигурноста на Северна Македонија – истакнал претседателот Пендаровски и додал дека „единствена алтернатива за земјата е полноправно членство во НАТО и во Европската Унија“.
Во таа насока, подвлекол претседателот Пендаровски, и покрај скорешното разочарување од не добивањето датум, Северна Македонија пред се, поради своите граѓаните, неопходно е со побрзо темпо да ги заврши започнатите реформи. На тој начин, заклучи претседателот Пендаровски, ќе создадеме општество со европски вредности.