Пендаровски и Џафери договориле блиска соработка

156

Претседателот на Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Џафери му честиташе на претседателот Пендаровски за стапувањето на функцијата и му посака успешна работа во следните пет години.

Претседателот Пендаровски и претседателот на Собранието Џафери разменија мислења за актуелните состојби во Македонија. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста сите релевантни институции во државата во претстојниот период да ги насочат севкупните капацитети кон реализација на следниот важен чекор во европската интеграција на Македонија – одредување датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

Во таа насока, претседателот Пендаровски го посочи значењето на Собранието во реализацијата на реформската агенда и на парламентарната димензија во остварувањето на интересите на Македонија на меѓународен план.

Двајцата соговорници договорија натамошна поблиска координација на двете институции во корист на граѓаните и во интерес на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...