Тешки обвиненија на последното телевизиско соочување пред почетокот на молкот, помеѓу претседателските кандидати Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски.
Пендаровски обвини дека таткото на Сиљановска бил припадник на УДБА.
– Ова е сталинистичка метода. За ова обвинение ќе добиете соодветна кривична пријава – рече противкандидатката Сиљановска.
Таа потоа го обвини дека неговиот татко целиот живот работел во полицијата.
-Дали сакате да ви возвратам со кривична пријава. Мојот татко целиот свој работен век го помина како учител- рече Пендаровски.
Сиљановска обвини дека Пендаровски ја предводел акцијата на полицијата во Радожда.
Пендаровски одговори дека тој тогаш не работел во МВР.