Пендаровски и предложи на Силјановска да се кандидира за декан на Правен

Силјановска му рече на Пендаровски дека тој повеќе и личи на венецијански трговец.

1116

Претседателскиот кандидат поддржан од владејачките партии, Стево Пендаровски на телевизиското соочување на Телма, побара од неговата противничка во кампањата за претседател Гордана Силјановска да се кандидра за декан на некој Правен факултет, а не за претседател на Македонија.

Неговото барање беше дадено во текот на расправата за тоа дали Преспанскиот договор може да биде променет или не.

– -Јас мислам дека зборуваме за две различни работи за светот на правниците и за светот на политиката, за кој и на лаиците им е јасно за жал кој е доминантен. Јас најпријателски ве советувам да се кандидирате за декан на некој правен факултет, а не за највисоката политичка функција и да не сакаме и јас сум професор и сум доктор по правни и политички науки и ви кажувам на оваа функција не оди само со правниот авторитет. Да ги занемарам Меркел, Макрон и Трам и да им кажам сега ние ќе направиме јуридизација на политиката, тука од Скопје и целиот свет замислете ќе не следи – и порача Пендаровски.

Таа му одговори дека нема зошто да се кандидира за декан, дека има големо академско искуство и му рече на Пендаровски дека тој нејзе и личи на венецијански трговец.

Река, кандидатот на Беса и Алијансата за Албанците, напомена дека меѓународните договори кои ги потпишуваат две страни мошне тешко унилатерално се менуваат и додаде дека тој повеќе стравува оти Договорот може да претрпи промени од грчка страна, доколку таму на власт дојде, некој кој е подесничарски и понационалистички настроен.

– Секоја генерација има право на свој Устав – рече Силјановска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...