Пендаровски им објаснил на ДУИ дека Муслиу нема врска со Кумановската група

772

Претседателот на државата Стево Пендарвоски денеска информира дека на долгите и конструктивни разговори со високи претставници на ДУИ биле разјаснети неколку битни елементи за именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање.

– Им реков на претставниците на ДУИ дека имав прилично долг процес на консултации со битни фактори домашни и странски во однос на тоа кадровско решение бидејќи е исклучително важно генерално во секоја држава во овој турбулентен регион и не добив ниту една забелешка за него како професионалец и како човек – одговори Пендаровски на новинарско прашање по денешните средби во МО.

На средбите со претставници на ДУИ, веднаш по нивното излегување во јавност со забелешки и прашања за именувањето на Муслиу, Пендаровски појаснил дека освен што има неспорни професионални референци, тој имал и неподелена поддршка од, како што рече, клучните наши стратешки партнери и служби со кои соработуваме со години.

– Во однос на евентуалните забелешки кои тие ги имаа, дали можеби Муслиу учестввуал во некои поранешни настани со безбедносен карактер, разјаснивме со дополнителни информации кои јас им ги обезбедив дека тој човек нема никаков контакт со тие настани, а не пак да бил организатор или инспиратор на кое било ниво, да учествува во тие работи – истакна Пендаровски.

Претседателот Пендаровски посочи дека ако некој излезе со спротивни податоци и предочи податок дека не е така како што мисли, уште еднаш ќе ги разгледа и ќе донесе нова одлука.

Тој, потенцира дека првпат од независноста на нашата држава имаме етнички Албанец директор на Агенцијата за разузнавање.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...