Со особена гордост го празнуваме овој значаен ден водејќи сметка за историјата, културата и за традициите на бошњачкиот етникум кој е нераскинлив дел од нашето мултикултурно општество, напиша претседателот Стево Пендаровски во честитката по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците.
„Сите ние, поединечно, без разлика на која етничка група или религија припаѓаме сме одговорни да ги негуваме почитта и меѓусебното разбирање, потврдувајќи дека нашата држава и понатаму е пример дека различностите се најголемо богатство“, се вели во честитката.
Пендаровски додава дека земјава заслужува да биде развиена и модерна европска држава, заедница на среќни граѓани.
„Затоа ве повикувам како и досега, да продолжиме посветено да градиме општество еднакво за сите и заедно да работиме за подобра и посветла иднина. Тоа си го должиме себеси и на генерациите што следат. Верувам дека заедно можеме да ја оствариме визијата за стабилна и просперитетна Република Северна Македонија“, стои во честитката од претседателот Пендаровски.