Мојот политички опонент Силјановска, изјави дека Македонија е слаба, пропадната држава. За разлика од неа, јас силно верувам во оваа земја. Верувам дека има голем потенцијал и можности за напредок. Како никогаш досега, нашите идејни концепти драстично се разликуваат, а изборот е Напред или Назад. Затоа на 21 април и на 5 мај, масовно да излеземе и да го направиме вистинскиот избор за нас и нашата татковина.
– На 21 април и 5 мај имаме шанса која не смееме да ја испуштиме. Шанса да спречиме враќање кон темното минато и можност да избереме да живееме во правично и демократско општество кое ќе се темели на човечност, солидарност и еднакви права за сите. Како ваш иден претседател ќе направам сѐ за да се издигнеме над случувањата од минатото, да ги оставиме зад нас поделбите и да се обединиме без разлика на вера, нација, јазикот кој го зборуваме, политичката или друга определба. Никогаш повеќе нема да дозволам и најостро ќе осудувам поделби, омраза и конфликти и политики кои на било кој начин ќе ги загрозат интересите на граѓаните. Вашите интереси се и остануваат мојот највисок приоритет – озјави Пендаровски.