Во 1991-та, во неизвесно време, ние, граѓаните, се обединивме околу идејата за своја, независна држава. Тогаш, големиот предизвик, наместо причина за поделби, стана повод за обединување, сите се собравме околу идејата за независна и суверена Македонија, вели претседателот, Стево Пендаровски во честитката упатена до граѓаните по повод 8 Септември, Денот на независноста.
Заедништвото, додава Пендаровски, низ годините влијаеше да се надминат сите искушенија.
– Денес сме пред портите на европските и евроатлантските институции. За да стигнеме до целта, треба повторно да го обновиме единството што го имавме на почетокот на независноста. За тоа ни е неопходно граѓанско помирување, а за трајно помирување потребна е ефикасна правда и државни институции со интегритет – вели Пендаровски.