Посетата на премиерот на Република Грција, Алексис Ципрас со делегација од 70 компании е од историска важност за нашата земја, порача кандидатот за претседател Стево Пендаровски во видео обраќање.
– Новото пријателство кое го градиме меѓу двете земји, не само што ги стабилизра односите на Балканот, туку овозможуваат брз економски развој на нашата земјата. Денеска покажавме дека само со силна воља, лидерство и визија може да се прават големи чекори напред – вели Пендаровски.
Тој вели дека вратата кон сигурна иднина е отворен и дека граѓантие на 21 април имаат можност да изберат дали ќе продолжиме напред кон подобар живот или ќе ја затвориме вратата и ќе останеме во истото место каде што сме застанати со години.
– Вратата кон сигурна иднина е отворена. Градиме мостови и пријателства со соседите, наскоро влегуваме во НАТО и започнуваме преговори со Европската унија. Можеме да избереме дали ќе продолжиме напред кон подобар живот за сите граѓани или ќе ја затвориме вратата и ќе останеме во истото место каде што сме со години. Верувам дека изборот на 21 ќе биде заедно да продолжиме напред – рече претседателскиот кандидат.