Мал контингент македонските војници ќе земат учество во француските мировни мисии во Африка, соопшти шефот на државата Стево Пендаровски во интервју за Зидојче цајтунг. Тој предлага и условено членство во ЕУ.
– Се подготвуваме со еден мал контингент за учество во мисиите предводени од Франција во Африка – вели Пендаровски во интервјуто објавено денеска.
Пендаровски смета дека треба да постои можност новите членки на ЕУ во иднина да се исклучуваат од припадност во клубот доколку се оддалечат од демократските стандарди на Унијата.
– Зошто да не се исклучуваат новите членки доколку повторно се оддалечуваат од демократијата? – прашува Пендаровски.