Пендаровски за ЕРТ: Северна Македонија и Грција заедно ќе изградат европска иднина

602

Преку Договорот од Преспа, Северна Македонија и Грција, конечно се пријатели и заедно ќе ја изградиме европската иднина за двата народа и за двете држави, вели новоизбраниот претседател Стево Пендаровски, кој заедно со премиерот Зоран Заев, во изјава за грчката државна телевизија ЕРТ, кусо по завршувањето на вчерашната прес – конференција во штабот на СДСМ говорат за пријателството меѓу двете соседни земји по Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

– Овој резултат е јасна потврда на мнозинството граѓани и нивната волја да го поддржат Договорот од Преспа и второ ова мнозинство покажано на вториот круг на изборите е јасен глас на мнозинството за нашиот европски тек. Ние можеме да бидеме таму само поддржани од нашите грчки пријатели. И конечно преку Договорот од Преспа, Северна Македонија и Грција, конечно се пријатели и заедно ќе ја изградиме европската иднина за двата народа и за двете држави – вели Пендаровски.

Со слична оценка излезе и премиерот Заев.

– Се надевам дека пријателството ќе биде сигнал и добар пример за остатокот од светот. Ајде да градиме големо пријателство меѓу нашите две нации – рече Зоран Заев за ЕРТ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...