Законот за јазиците е во согласност со Амандманот 5 од Уставот и го искористува до максимум, изјави во вечерашнотоното гостување во емисијата „200“ на Алсат претседателот Стево Пендаровски.Тој вели дека единствена забелешка е можноста за нивна имплементација на терен, особено во правосудните органи.
„Можете да изгубите година или две, само во преводи и странката да не може да го оствари своето право чекајќи ги преводите. Едно од главните начела кое важи во Европа, за кое често нѐ критикуваат и нас е принципот – судење во разумен рок. Може на крај да ми ја доделиш правдата, но ако е тоа после 10-12 години се смета дека си ги повредил моите права“, вели Пендаровски.