Консензуалниот претседателски кандидат на власта, Стево Пендаровски денеска беше во Охрид од каде порача дека и досега бил дел од власта која ги поддржува стратешките ориентации на Македонија, а како претседател ќе ги води тие процеси.
– Во последниве две години новата влада на Република Северна Македонија започна со сосема поинаква политика, и започна да ја вади земјата од изолацијата во која беше претходно 11 години. Значи, со тој тип на политика постепено Македонија си го зазема своето место на природна раскрсница на Балканот. Наместо да продуцираме лоши вести, ние почнавме да продуцираме добри вести и да се поврзуваме со сите соседи и со Европа и светот. По носењето на тешки одлуки во изминативе две години ние практично ги затворивме сите отворени прашања што ги имавме со нашите соседи и сега доаѓа период кога граѓаните на Северна Македонија ќе почувствуваат благодет од тие одлуки кои беа донесени – порача Пендаровски.