Пендаровски: Да седите дома на 30 септември е неодговорност кон себе, кон семејството и кон државата ВИДЕО

203

Да седите дома на 30 септември е најголем степен на граѓанска и лична неодговорност кон себе, кон сопственото семејство и кон државата во која живеете, истакна Стево Пендаровски, национален координатор за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО.

Од Битола Пендаровски воедно порача дека референдумот ќе биде успешен затоа што голема е предноста на граѓаните кои сакаат Македонија еднаш засекогаш да биде заедно во друштво со најголемите држави во светот.

– Во договорот со Грција зецементиран е македонскиот идентитет и македонскиот јазик и тоа ќе биде признаено од целиот свет, од меѓународните организации почнувајќи од најголемата Обединети Нации каде македонскиот јазик ќе се преведува на сите шест официјални јазици во ОН каде членуваат 193 држави членки. Неможам да видам, изјави Пендаровски, аргумент на страната на оние кои велат дека договорот е капитулантски, дека не треба да биде поддржан, а особено неможам да видам аргументи кај оние кои тврдат дека ние воопшто не треба да се асоцираме кај двете најголеми меѓународни организации, Европската унија и НАТО затоа што наводно тие биле на заминување, во распаѓање и дека час поскоро треба да се оддалечуваме наместо доближуваме кон нив.

Според него, не треба да има никакви дилеми зошто треба да се биде дел од ЕУ и НАТО, бидејќи станува збор за организации во кои членуваат најмоќните држави на светот, држави кои во воена, економска, политичка и стратешка смила се највлијателни.

– За нас ќе биде чест, еден ден како мала држава да бидеме на иста маса со најмоќните држави кои практично го обликуваат светот во кој живееме, и во таа смисла, немам никакво разбирање особено за оние кои повикуваат на бојкот на референдумот, легитимно и демократско е правото да се биде против, но не и за бојкот бидејќи станува збор за историска пресвртница во која треба да кажеме ДА за македонската иднина. Да седите дома на 30 септември е најголем степен на граѓанска и лична неодговорност кон себе, кон сопственото семејство и кон државата во која живеете, истакна Пендаровски, кој попладнево во Битола во салата на битолскиот театар ќе одржи и јавна граѓанска трибина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...