Пендаровски: Датум за преговори со ЕУ значи 900 милиони евра годишно за развој

881

Со добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, државата ќе користи 900 милиони евра годишно за развој, голем дел за земјоделството, затоа е важно земјата да продолжи напред, порача Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на денешните средби со жителите на Чешиново – Облешево и Пехчево.

– Нема веќе враќање назад, отвораме нови перспективи за младите, сите сложно и заедно да одиме напред. Претходната власт нѐ врати 30 години назад, Груевски не раскара со сите соседи, сега немаме отворено прашање со ниту еден сосед. Ние не бегаме од решавање и на најтешките проблеми. Влезот во НАТО и ЕУ носи безбедност, просперитет и нови работни места. Затоа, да обезбедиме просперитетна иднина за нашите деца и внуци – додаде Пендаровски.

ОБНОВЕНО: Пендаровски по обраќањето пред граѓаните на Берово продолжи со митинг и во Делчево. Пред граѓаните Пендаровски зборуваше за отворените проблеми кои со години постоеле со соседите, но за година – две биле решени.

– Во Европа велат ако не можеш да ги решиш проблемите со соседите нема што да бараш во Брисел. Сите тие тешки прашања се решија за година две. За година време потпишавме договор со Бугарија, наместо многу поодамна. Дојде на ред уште потежок договор. Тоа што мислеа дека никој не може да го реши, Заев и Ципрас го решија. Наместо да се расправаат за историја, решија проблем стар со години. Исто така, видлива беше и тешката економската ситуација во државата. Наследивме пустош, особено во економијата. Во трезорот кога оваа влада ја презеде власта немаше пари за пензии и плати. Претходно се беше опљачкано. Од таа позиција да дојдеш до стабилизација и плус да ги решиш проблемите со соседите заслужува огромен аплауз – истакна Пендаровски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...