Пендаровски: Граѓанското движење е срцето на демократијата, нема да дозволиме враќање на режим

295

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на средба со граѓански активисти, разговараше за актуелната состојба, за нерешените проблеми, за работата на институциите и предлозите на активистите за подобрување, соопшти штабот на Пендаровдски.

Тој укажа дека има прашања за кои постои основа и треба отворено да се критикува, целта е слабостите да се отстранат и сериозно да се работи на отстранување на сите аномалии на кои граѓаните и активистите укажуваат.

– Граѓанското движење е срцето на демократијата во секоја држава. Затоа го почитувам и го ценам вашиот ангажман. На 5 мај имаме контра опција на  ова што ние го нудиме. Нивната опција не враќа во најтемното време на Груевизмот, ако таа госпоѓа победи тоа значи и враќање на нивниот почесен претседател Никола Груевски во државата – рече Пендаровски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...