Претседателот Стево Пендаровски ги потпиша указите за прогласување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница и на Законот за Агенција за национална безбедност, информираа од неговиот кабинет. Новата агенција треба да ја замени УБК.
Ова се клучни закони за реформа на безбедносните служби кои неговиот претходник, Ѓорге Иванов, одбиваше да ги потпише поради новото државно име.
„Со Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, што се носи за првпат во Република Северна Македонија, се формира Совет за координација кој ќе ги спроведува предлозите на највисокото безбедносно тело – Советот за национална безбедност. Во Советот за координација се претставени сите институции кои имаат надлежности во сферата на одбраната и безбедноста. Со Законот за Агенција за национална безбедност прецизно се регулира собирањето на податоци и информации значајни за безбедноста и одбраната на државата“, наведуват во соопштението од претседателскиот кабинет.