Пендаровски ги потпиша законите за два нови гранични премини со Грција

131

 

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги потпиша указите за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање нов граничен премин меѓу двете земји кој ќе ги поврзува Мајден во Република Северна Македонија и Промахoи во Република Грција, и на Законот за ратификација на Спогодбата за отворање на еден граничен премин во регионот на Преспанското Езеро.

 Претседателот Пендаровски, се вели во соопшението од претседателскиот кабинет, смета дека отворањето на Граничниот премин Мајден – Промахои и Граничниот премин Маркова нога – Лемос меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, ќе придонесе за натамошен развој на севкупните билатерални односи меѓу двете држави, ќе придонесе за развој на прекуграничната соработка и ќе ја олесни комуникацијата на населението што живее во регионот на двата гранични премини.

 Претседателот Пендаровски очекува од надлежните институции да дадат максимален придонес за реализација на предвидените активности и за што поскоро отворање на двата гранични премини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...