Пендаровски во Кочани: Интеграцијата во ЕУ и НАТО обезбедува подобра иднина за младите

142

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, денеска беше во посета на Кочани каде се сретна со граѓани и учествуваше на отврена граѓанска трибина.

Со граѓаните Пендаровски разговараше на актуелни теми поврзани со напредокот на државата во евроинтегративниот процес кадешто беше потенцирано значењето на влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ за натамошен економски и општествен развој, информираа од СДСМ.

Во обраќањето на трибината со младите, Пендаровски се осврна на масовното иселување на младите од Кочени и кочанскиот регион, при што истакна дека единствен начин на сопирање на овој негативен тренд е забрзување на промените и интензивен развој.

– Единствен начин да обезбедиме добри услови за младите на релативно кус рок се интеграциите на земјата час поскоро во ЕУ и НАТО. Сами, како држава надвор од ЕУ и НАТО  не можеме да го постигнеме тој напредок. Но, со европската поддршка, со поддршката од нашите пријатели, процесот на напредок е неизбежен. Затоа, и како човек и како претседател сум посветен на реализација на стратешките цели а тоа е членството во ЕУ и НАТО, порача Пендаровски.

По Кочани, Пендаровски продолжува на средби со граѓаните на општина Виница.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...