Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, заедно со своето семејство, денеска, на големиот христијански празник Велигден, ќе биде во Галичник, во местото од каде потекнуваат неговите семејни корени.
Пендаровски, со семејството, вечерва ќе ја посети црквата „Св. Апостоли Петар и Павле” каде што ќе присуствува на богослужбата за Велигден.
Кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова вечерва ќе ја посети црквата „Св. Петка“ во населба Црниче.