Консензуалниот претседателски кандидат, Стево Пендаровски, од граѓаните кои дојдоа на неговата вчерашна трибина во Општина Центар побара да не го фалат повеќе зошто медиумите пишувале дека таквите коментари се наместени.
– Благодарам, но од денеска стварно забранувам вакви пофалби. Денеска по медиумите имаше и луѓе кои пишуваа коментари во кои велат Пендаровски ги штелува позитивните коментари и носи изнајмени глумци кои зборуваат само добро. Немојте да ме фалите повторно, ве молам – рече Пендаровски откако една повозрасна госпоѓа имаше позитивни коментари за него.
Ваквата порака на Пендаровски е негде по 26 минута и 50 секунда.