Пендаровски: Ваквите празници нѐ потсетуваат за нашето огромно јазично и културно богатство

Секој човек и секоја заедница, вклучително и турската, е дел од нашиот богат мозаик, додава Пендаровски и потенцира дека Турците со своите автентични локални традиции и со својата богата литература и уметност го збогатуваат културниот и општествениот живот на нашата заедничка држава, пишува Пендаровски.

225

Клучно за развојот на една заедница е правото на квалитетно и функционално образование на мајчин јазик. Државата не смее да прави компромиси и импровизации кога станува збор за ова суштинско прашање кое е толку важно за зачувување на културата и традицијата на помалубројните етнички заедници, напиша претседателот Стево Пендаровски во честитката по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик.

„И покрај предизвиците во реализацијата на ова право, Северна Македонија е горда што етничките заедници веќе подолго време можат да го користат правото на настава на свој мајчин јазик. Верувам дека секој човек од секоја заедница е подеднакво важен за оваа држава која е заеднички дом за сите нас“, пишува во честитката.

Секој човек и секоја заедница, вклучително и турската, е дел од нашиот богат мозаик, додава Пендаровски и потенцира дека Турците со своите автентични локални традиции и со својата богата литература и уметност го збогатуваат културниот и општествениот живот на нашата заедничка држава.

„Во ова светло, 21 декември – Денот на наставата на турски јазик е еден од оние празници што не потсетуваат за нашето огромно јазично и културно богатство, но и на нашата одговорност истото соодветно да го чуваме, унапредуваме и промовираме за оваа и за идните генерации. Ние немаме друга алтернатива освен градење на едно општество за сите, во кое сите ќе имаат еднаква шанса за просперитет“, пишува претседателот Пендаровски во честитката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...